Search

Почнуваат со реконструкција на девет државни студентски домови

Во Владата денеска беше потпишан договор за градежни активности за реконструкција на два државни студентски дома во Скопје, рамки на Проектот за нивна енергетски ефикасна рехабилитација. Договорот е потпишан со економски оператор кој доставил најповолна понуда – Страбаг АГ.

Проектот ќе ги опфати сите девет државни студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид, а договорот што беше потпишан денеска се однесува на прва од три фази т.е. за реконструкција на „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека првите два дома од вкупно деветте ќе бидат реконструирани за 18 месеци.

-Оваа  крупна капитална инвестиција се реализира со средства од Германска развојна банка од 20 милиони евра и грант од 5 милиони евра преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија, рече Ковачевски.

На настанот се обратија и Јетон Шаќири, министер за образование и наука, Штефен Худолин, в.д. амбасадор на ЕУ и Ото Граф, заменик амбасадор на СР Германија.

Треба да знаете
Последни објави