ОН: Израелската армија отвори оган врз хуманитарен конвој во Појасот Газа

Израелски војници отвориле оган врз конвој со хуманитарна помош што се враќал од северот на блокираниот Појас Газа, изјави директорот на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА), Томас Вајт.

Тој изјави дека за среќа нема повредени во нападот, јавува „Анадолија“.

Во пораката што ја сподели на социјалната мрежа Икс, Вајт посочи дека израелските војници отвориле оган врз конвој со хуманитарна помош што се враќал од северот на Појасот Газа.

Станува збор за конвој кој бил нападнат додека бил на рута поставена од израелската армија.

Велејќи дека едно возило од конвојот било оштетено во нападот, Вајт напиша: „Хуманитарните работници никогаш не треба да бидат цел.

Израелската армија се уште не го коментираше нападот.

Треба да знаете
Последни објави