Search

Мала промена во исхраната може да ни го продолжи животот за 10 години

Ново истражување, кое ги анализираше податоците за внесот на храна и здравствените резултати на речиси половина милион жители на Велика Британија, покажа дека префрлањето на здрава исхрана може да додаде до 10 години на вашиот живот.

Тимот, предводен од Ларс Фаднес, истражувач за јавно здравје на Универзитетот во Берген во Норвешка, го моделираше очекуваниот животен век на околу 467.354 луѓе кои ги документираа своите навики во исхраната како дел од долгорочната студија Биобанк во Велика Британија, која започна во 2006 година.

Истражувачите ги групираа учесниците врз основа на нивните навики на исхрана и забележаа како тие се менуваат со текот на времето.

Тие идентификуваа просечни и нездрави јадења, како и луѓе чиј внес на храна одговараше на водичот „Јади добро“ во Бртанија и други кои го следеа она што истражувачите го нарекоа диета за долговечност.

Оние кои се откажале од слатки пијалоци и преработки од месо во корист на исхрана богата со цели зрна, јаткасти плодови, овошје, зеленчук и умерени количини риба, го продолжиле својот животен век за дополнителни 10 години.

Помал пораст е забележан кај луѓето кои рано следеле просечна диета и кај оние кои ги подобриле своите навики во исхраната подоцна во животот.

Истражувачите откриле дека луѓето во седумдесеттите се уште можат да го продолжат својот животен век за околу четири до пет години, доколку направат трајна промена и преминат на здрава исхрана.

Треба да знаете
Последни објави