Поради грешка на екипажот, руски авион со патници слета во река

Авион Антонов-24 од советската ера со 30 патници слета во замрзната река во близина на аеродромот на истокот на Русија поради грешка на пилотот.

Ова го соопштија транспортните обвинители, пренесува Ројтерс.

Авионот Ан-24 на Polar Airlines слета на реката Колима во близина на Жирјанка во регионот Јакутија, соопштија обвинителите.

„Според прелиминарните информации, причината за инцидентот со авионот е грешка на екипажот при контролата на авионот“, се вели во соопштението на портпаролот на транспортниот обвинител на источен Сибир.

Обвинителите објавија слики од авионот на замрзнатата река. Весникот „Известија“ објави слики од патниците како слегуваат.

„Авионот Ан-24 слета надвор од пистата на аеродромот Жирјанка. Нема жртви“, се вели во краткото соопштение на Polar Airlines.

Треба да знаете
Последни објави