Search

Камерон предупреди на опасност од ескалација на конфликтот во Газа

Шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон денеска се сретна со либанскиот премиер Наџиб Микати, а тема на разговор беше ситуацијата во Црвеното Море, како и ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток поради конфликтот меѓу Израел и Хамас.

„Ескалацијата на конфликтите во Газа, Либан, Црвеното Море и поширокиот регион ќе придонесе за екстремно високо ниво на опасност и несигурност во светот“, напиша Камерон на платформата X, додавајќи дека Либан е подготвен да спречи понатамошни тензии.

Најавата на Камерон се однесува на заканата дека војната во Појасот Газа ќе се прошири надвор од границите на палестинските територии и Израел и во услови на интензивирање на конфликтот долж либанско-израелската граница меѓу борците на Хезболах и израелските сили, пренесува Гардијан.

Хезболах, како и јеменските Хути кои вршат напади врз трговски бродови во Црвеното Море како одговор на убиствата на цивили во Газа и нарушувањето на меѓународната трговија, наводно е поддржан од Техеран

Треба да знаете
Последни објави