Search

Земјотрес со јачина од 6,5 степени ги стресе Курилските Острови

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала ги погоди Курилските острови.

Земјотресот е регистриран во 18:15 часот по локално време, на длабочина од 13 километри, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот бил на 107 километри од Курилск во Русија или 411 километри од јапонскиот град Куширо.

По овој, во близина на Курилските острови, регистрирани се уште два земјотреси со јачина од 4,9 и 4,8 степени според Рихтеровата скала, изјави Елена Семенова, раководител на сеизмолошката станица Јужно-Сахалинск.

Епицентарот на земјотресите бил на 113 и 128 километри југоисточно од островот Итуруп.

Треба да знаете
Последни објави