Search

Гутереш: 2024 година треба да биде година на обнова на довербата и надежта

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека 2024 година треба да стане година на обновa на довербата и надежта.

-Мораме заедно да се соочиме со поделбите за да најдеме заеднички решенија – наведе Гутереш во видео пораката за крајот на годината.

Според него, тоа треба да се направи заради акција против климатските промени, поправеден глобален финансиски систем и спротивставување на дискриминацијата и омразата кои ги „трујат односите меѓу земјите и заедниците“.

Гутереш ја опиша 2023 година како „година на огромно страдање, насилство и климатски хаос“.

Треба да знаете
Последни објави