Бајден ја продолжи суспензијата на царините за европскиот челик и алуминиум

Американскиот претседател Џозеф Бајден ја продолжи суспензијата на царините за челик и алуминиум од ЕУ за две години.

Бајден во соопштението наведе дека двете страни постигнале значителен напредок и ги продолжуваат разговорите.

САД ги суспендираа увозните царини од 25 отсто за челик од ЕУ и 10 отсто за алуминиум од ЕУ на две години од јануари 2022 година, заменувајќи ги тарифите наметнати од поранешниот претседател Доналд Трамп.

Царините на ЕУ, воведени како одмазда, опфатија низа американски производи, од мотоцикли Харли Дејвидсон до виски и моторни чамци. И овие тарифи се одложени до 2025 година.

Треба да знаете
Последни објави