Search

Дали знаете колку често треба да го миете автомобилот во зима?

Ладното и влажното време не е најдобро време за миење на автомобилот, но тоа не значи дека не треба да му посветувате малку внимание во постудените месеци.

Редовното одржување на виталните делови на автомобилот, како што се менувањето на маслото, проверките на филтерот за течности и воздухот, како и редовното миење на автомобилот ќе ја зачува вредноста на вашиот миленик.

Според советите на германскиот ADAC (Германски автомобилски клуб), во зимските месеци автомобилот треба да се пере толку често како и во лето. Значи, измијте го според сопствената перцепција за чистотата, односно кога ќе почувствувате дека е време за миење.

Иако постои теза дека автомобилот е повеќе склон на корозија поради влажните коловози и солта во зима, тоа е точно само во случај на претходно оштетени делови. Новите и сочувани автомобили без проблем го одбиваат налетот на нечистотија.

Дали има опасност во миењето на автомобилот во зима?

Да, има, особено при екстремни температури од минус 10 целзиусови степени па надолу, затоа што тогаш топлата вода „удира“ во деловите од автомобилот кои штотуку биле изложени на ледениот студ. Иако гумените и пластичните делови нема да бидат оштетени, може да настрадаат претходно оштетените или обоените површини.

И за крај, важна препорака за возачите: пред да влезат во автоперална, треба да ги отстранат сите остатоци од снег и мраз бидејќи четките можат да ги влечат како шмиргла по каросеријата и да направат видливи оштетувања.

Треба да знаете
Последни објави