Search

Бетмен ги слави двата Божиќа

Актерот Кристијан Бејл ги слави двата Божиќа, католичкиот и православниот. Роден е во Велс и израснат како католик. Неговата сопруга Сиби Блажиќ е родена во Чикаго и по потекло е Србинка. Затоа, како што вели Бејл, неговото семејство слави два Божиќа и тоа, според неговите зборови, е огромно богатство.

Кристијан Бејл и Сибил Божиќ се венчаа во 2000 година. Името на неговата сопруга е Србислава, кое првично беше скратено на Сандра, а подоцна американизирано во Сибил. Имаат две деца и стабилен брак кој успеале да го држат подалеку од очите на јавноста.

Кристијан и Сибил ги запознала актерката Винона Рајдер. Сибил беше нејзина лична асистентка, а Винона и Кристијан глумеа во заеднички филм. Инаку, Сибил има и успешна манекенска кариера. Учествувала на модни ревии со Селин Дион, Џулијан Мур и Шерон Стоун. Во исто време, таа работела како каскадер. Во еден од трите филмови за Бетмен што ги игра Бејл, Сибил возеше еден од полициските автомобили. Според зборовите на Бејл, тој се исплашил од фактот што неговата сопруга може да вози автомобил со брзина од 180 километри на час и да прави акробации на градските улици.

Кристијан Бејл доби Оскар во 2011 година и е познат по своите впечатливи трансформации во филмски ликови.

Треба да знаете
Последни објави