Search

САД се најголем производител на нафта во 2023 година

Најголем производител на нафта во светот во 2023 година се САД, а потоа следат Саудиска Арабија, Русија, Канада и Ирак.

Иако нема официјални информации за производството, аналитичарите на oilprice.com пресметаа дека САД а дневно произведуваат повеќе од 13 милиони барели сурова нафта, повеќе од која било земја во историјата, а се очекува и дополнително зголемување на производството во иднина.

Саудиска Арабија, лидер на нафтените картели ОПЕК и ОПЕК +, е втора со производство од околу 10,2 милиони барели нафта дневно, кое од јули доброволно го намали за 1 милион барели дневно со намера да ги стабилизира цените на пазарот.

Русија, клучниот партнер на Саудиска Арабија во картелот ОПЕК +, не објави податоци за своето производство и извоз на нафта од минатата година, но се верува дека нејзиното производство е околу 9 милиони барели нафта дневно.

Канада минатата година произведуваше рекордни 4,86 ​​милиони барели дневно, а аналитичарите очекуваат нејзиното производство да порасне за 8% до 2025 година.

Ирак е на петтото место со просечно производство од околу 4,3 милиони барели дневно.

Треба да знаете
Последни објави