Search

Палестина ги повика Обединетите нации да прогласат глад во Газа

Палестина денеска ги повика Обединетите нации официјално да прогласат глад во Појасот Газа, кој е под израелски напади од 7 октомври.

„Меѓународните извештаи покажуваат ширење на глад меѓу палестинските семејства кои поминуваат цели денови без храна“, се вели во соопштението на палестинското Министерство за надворешни работи.

Се додава дека повеќе од милион луѓе во Појасот Газа гладуваат, јавува Анадолија.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш претходно изјави дека четири од петте најгладни луѓе во светот се во Газа.

„Околу 1,9 милиони раселени лица се во засолништа и се изложени на силен глад, а 50.000 бремени жени се во засолништа без вода, лекови и здравствена заштита“, објави палестинското Министерство.

Израел го нападна Појасот Газа по прекуграничен напад на палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври, при што загинаа најмалку 20.915 Палестинци, главно жени и деца, а беа повредени повеќе од 54.918.

Треба да знаете
Последни објави