На новороденче му го пресекле прстот при испис од болница, сестрата е суспендирана

Според одговорот од ЈЗУ ГАК- Скопје на одделот за новородени деца се случил немил настан, кога акушерка во текот на испис на новородено ненамерно пресекла мал дел од палецот на бебето.

Дежурниот педијатар постапил максимално професионално и одговорно и веднаш е повикан детски хирург. Новороденото е префрлено на Клиниката за детска хирургија, каде му била санирана повредата.

„Акушерката била суспендирана, дадена на Дисциплинска комисија ѝ била изречена максимална казна според Законот за здравствена заштита, како и промена на работното место“, соопштија надлежните. 

Што се однесува на другите податоци за примената пациентка со проблеми во бременоста,  во август на ЈЗУ УK Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје примена е таква пациентка којашто имаше придружни здравствени проблеми заради кои бебето починало. 

„Како последица на придружните болести индицирано било завршување на бременоста со царски рез. За жал, постоперативно почнуваат серија последувателни компликации кои условувале повеќекратни хируршки ревизии. Во лекувањето на пациентката биле вклучени повеќето од најискусните лекари на ЈЗУ У ГАК – и од гинеколошки и од анестезиолошки профил, како и дежурните тимови. Тешките одлуки во врска со здравјето на пациентката се донесуваа конзилијарно од најискусните лекари, почитувајќи ги најсовремените медицински протоколи. За жал, и покрај речиси двомесечен интензивен ангажман и третман, пациентката подлегна на придружните комликации“, додаваат од Министерството за здравство. 

Се чека потврда од обдукцискиот и од хистопатолошкиот наод, кои прецизно ќе дадат информации за состојбата на пациентката.

Во државата е формирано стручно тело кое ги испитува сите случаи со неповолен исход за бебето во утробата и за породени новородени со фатален исход.

Треба да знаете
Последни објави