Search

Израелската армија влезе во централниот дел на Појасот Газа

Израелската армија денеска објави видео на кое се гледа како нејзините оклопни возила влегуваат во централниот дел на Појасот Газа. Баталјоните од кампот во центарот на Газа во моментов се соочуваат со израелските армиски сили.

-Наскоро ќе престанат да функционираат, исто како и другите баталјони, најави командантот на 36-та дивизија, Дадо Бар Калифа.

Баталјонот Ал Буреј во центарот на Газа се состои од околу илјада борци и е само еден од четирите баталјони на палестинската милитантна група Хамас со седиште во областа.

Четири баталјони на Хамас во центарот на Газа, Ал Буреиџ, Деир Ал Балах, Магази и Нусејрат претрпеа одредена штета во израелските напади, но се верува дека остануваат главно функционални. Командантот на бригадата на централните кампови, Ајман Нофел, беше убиен во израелски напад минатиот месец.

Началникот на Генералштабот на Израел, генерал-полковник Херзи Халеви вечерва соопшти дека армијата ги проширува операциите во јужниот и централниот дел на Појасот Газа и дека ги уништила речиси сите баталјони на Хамас на север.

-Само што пристигнав од Појасот Газа. Се сретнав со војниците на северот на Појасот. Бев импресиониран од тоа како силите се борат, работат и ги постигнуваат целите што им ги поставивме. ИД е блиску до уништување на баталјоните на Хамас на северот на Појасот Газа“, рече Халеви на прес-конференција во јужен Израел.

Тој додаде дека „многу терористи и команданти се елиминирани“, дека некои се предале и дека има стотици затвореници и оти се уништени многу подземни инфраструктури и оружје.

Халеви најави дека „напорите се концентрирани на југот на Појасот Газа, Кан Јунис“ и камповите во централниот дел, пренесоа израелските медиуми.

Треба да знаете
Последни објави