Search

Дали е подобро да се туширате наутро или навечер?

Кое е најдоброто време од денот за туширање? Околу две третини од луѓето се тушираат секој ден, но постојани се дебатите за тоа дали треба да се туширате наутро или навечер.

Д-р Џејсон Синг објави видео во кое тврди дека вечерниот туш е сепак подобар бидејќи го подобрува квалитетот на сонот, ги измива загадувачите и ја хидрира сувата кожа.

„Туширањето навечер има повеќе придобивки. Утрото има само една предност, а тоа е поттикнување на подобра хигиена“, рече тој.

Лекарот објаснил дека топол туш го стимулира ослободувањето на мелатонин, хормон кој му кажува на телото дека е време за спиење. Ова е докажано со мета-анализа на 17 студии од 2019 година.

„Вечерниот туш помага да се измие нечистотијата од денот“. Наутро, значи, не сме толку испотени и немаме непријатен мирис“, вели д-р Синг.

Оние со сува кожа или состојби како што се акни и егзема, исто така може да имаат корист од вечерното миење, бидејќи вечерните туширање и помагаат на кожата подобро да ја задржи влажноста.

Треба да знаете
Последни објави