Search

Аргентина: Милeи отпушти 5.000 државни службеници вработени претходно оваа година

Администрацијата на новиот аргентински претседател Хавиер Милеи денеска објави дека новата влада ќе отпушти повеќе од 5.000 луѓе кои биле вработени на почетокот на оваа година, пред Милеи да ја преземе функцијата.

Отпуштањето на владините службеници е дел од сеопфатниот план кој, според Милеи, има за цел да ја трансформира економијата на Аргентина.

До крајот на годината се очекува инфлацијата во Аргентина да достигне околу 200 отсто, поради што новиот претседател се обврза да го намали бројот на вработени во јавниот сектор, како и да дозволи приватизација на државните компании со цел да се зголеми извозот и инвестициите.

Целта е да се започне патот на обновата на нашата земја, да се врати слободата и автономијата на поединците и да се започне со менување на регулативата што го блокираше економскиот раст“, ​​рече Милеи.

Милеи победи во вториот круг од претседателските избори на 19 ноември годинава.

Треба да знаете
Последни објави