Search

Еве како растеше просечната плата во 2023 година

Крајот на годината е добра можност да се направи осврт на економско – општествените случувања во Македонија. 

Еден од најважните параметри за секоја економија е висината на просечната плата во државата. 

Иако, често се гледа со недоворба (заради дискрепанцата помеѓу официјалните и реалните износи на просечните месечни примања) сепак просечната плата е релевантен показател за силината и растот на една економија. 

Пред една година од сега (декември 2022 година) во Македонија просечната плата изнесувала 34.364 денари или 558 евра. 

2023 година македонската економија ја започна со просечна плата со мал пад, односно со просечна плата од 33.934 денари, во однос на последниот месец од 2022 година. 

Но веќе во април, по зголемувањето на минималната плата и платите во одредени дејсност, просечната плата се зголеми на 36.134 денари односно 587 евра и за првпат ја проби границата од 36.000 денари.

Во месец мај просечната плата изнесувапе 36.465 денари, додека по летните одмори,во месец септември, просечната плата ја надмина границата од 600 евра и изнесуваше 36.876 денари (615 евра).

Конечно, според официјалните податоци од Државниот завод за статистика во октомври оваа година, просечната плата надмина 38.000 денари и таа изнесува 38.843 денари или 630 евра, што е за 17,3 повеќе отколку истиот месец 2022 година. 

Кога се ќе се собере и одзеде излегува дека просечната плата во државата од јануари до октомври оваа година пораснала за безмалку 4.500 денари (4.479).

Гледајќи емпириски и споредбено со претходните години, за очекување е податоците за месеците ноември и декември 2022 година да покажат уште поголем раст на платите. 

Тоа ќе влијае и на зголемување на процентот на усогласување на пензиите што треба да се случи в март следната година, а кој е врзан со растот на трошоците за живот и растот на платите. 

Треба да знаете
Последни објави