Search

„Last Christmas“ Божиќната песна на сите времиња

Бендот Wham! а нивниот голем хит „Last Christmas“ беше прогласен за официјална божиќна песна на сите времиња 39 години откако беше првпат изведена.

Празничниот класичен хит на Џорџ Мајкл и Ендрју Риџли ги победија евровизиските ѕвезди Сем Рајдер, Мараја Кери и Погус и Кирсти Мекол, пренесува Sky news.

„Last Christmas“ е напишана и продуцирана од починатиот Џорџ Мајкл, а хитот на поп дуото од 1980-тите сега го постави рекордот за најдолг пат до првото место во Велика Британија.

Ендрју Риџли за странските медиуми изјави дека тоа е голем момент за сите кои имале врски со покојниот музичар и групата.

„Мајкл ја напиша со идејата да биде песна број еден на албумот, тоа беше целта. Се случи да го напише она што ја отелотворува суштината на Божиќ и празничниот дух. Тоа е извонредно достигнување. Тоа го прави уште попрекрасно музичко достигнување“, рече Риџли.

Риџли рече дека е „огромно разочарување“ што песната не се најде веднаш на топ листите, но песната сепак има своја публика и рок на траење.

„Last Christmas“ сега е трета најстримувана песна во ОК на сите времиња, стримувана 13,3 милиони пати во последните седум дена. Авторот на песната, познатиот Џорџ Мајк, почина на Божиќ 2016 година на 53-годишна возраст.

Треба да знаете
Последни објави