Search

Шпанските медиуми ја откриваат новата дестинација на Модриќ

Хрватскиот фудбалски репрезенртативец Лука Модриќ ви Реал Мадрид ќе остане уште шест месеци. Ветеранот 38-годишниот Модриќ кој од 2012 година е главниот креатор на играта во тимот на „кралевите“ сезонава добива мала минутажа, што го принуди да размислува да ја заврши кариерата во друга средина, а не во Мадрид. Капитенот на репрезентацијата на Хрватска, Модриќ веќе има неколку понуди за продолжување на кариерата. Шпанските медиуми веќе откриваат каде и за колку пари ќе замине Модриќ од Мадрид. -Модриќ пред неколку недели им соопшти на луѓето во Реал Мадрид дека заминува. Иако имаше интересна понуда од Интер Мајами, на крајот пресуди улогата на Кристијано Роналдо. Португалецот е во постојан контакт со својот поранешен соиграч и го убедил да му се придружи во Ал Наср. Условите од договорот не се познати, но се претпоставува дека репрезентативецот на Хрватска ќе заработува околу 30 милиони евра. Постоеше опција да го напушти Реал во зимскиот преоден рок, но Модриќ и Реал се откажаа од таа опција, пишуваат шпанските медиумите. Модриќ во Реал Мадрид пристигна во 2012 година од англискиот Тотенхем и со „кралевите“ освои се што можеше да се освои на клупски план. Одигра 508 натпревари и постигна 38 голови.

Треба да знаете
Последни објави