Search

Финансиските инспектори го проверуваат повикот за новогодишното украсување на Град Скопје

Финансиска полиција влезе во Град Скопје за да провери колку и како се потрошени парите од градскиот буџет за новогодишното украсување на градот. Тие го бараат Јавниот повик од Град Скопје и всушност тргнуваат од изјавата на градоначалничката Арсовска, дека постоел Јавен повик за новогодишното украсување што го добила компанијата која го украсила градот за 30.000 евра.

Од Управата за финансиска полиција не откриваат детали, бидејќи велат предистрагата е тајна, а откако ќе заврши увидот кој може да трае и неколку дена, ќе излезат со став и ќе преземат соодветни законски мерки.

Денеска пак, премиерот Димитар Ковачевски, се огради и рече дека не се меша во истражни активности на било која институција, вклучително и на Финансова. Вели, тие постапуваат врз основа на своите законски надлежности и врз основа на информации кои се достапни до нив.

Претходно, од Основното јавното обвинителство посочија дека доколку Управата за финансиска полиција, во чија надлежност е следењето како се трошат народните пари, не оформи предмет-тогаш тие ќе го сторат тоа. 

Овој увид доаѓа по бројните реакци во јавноста за новогодишното украсување во главниот град бидејќи не е објавен тендер.

Треба да знаете
Последни објави