Search

Полициски службеници од СВР Битола го пронајдоа детето кое беше пријавено дека се изгубило во Битола

Денеска околу 18 часот полициски службеници од СВР Битола го пронајдоа шестгодишниот малолетник, кој еден час пред тоа беше пријавен од неговиот татко дека се изгубил во населба Горно Оризари во Битола.

Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности од полициски службеници од СВР Битола за пронаоѓање на детето и тоа е пронајдено околу 18 часот.

Треба да знаете
Последни објави