Search

ОО СДСМ Бутел донираше пакетчиња за дечињата во ресурсен центар Иднина

Претставници на Општинската организација на СДСМ во Бутел, предводена од претседателот на ОО Велимир Савевски, придружувани од директорот на „Македонија Пат“ Костадин Ацевски и советничката во Град Скопје Лилјана Божиновска денеска го посетија Основното училиште со ресурсен центар “Иднина” Скопје, каде на дечињата им беа подарени новогодишни пакетчиња.

„Како и секоја година сакаме овие деца да ја почуствуваат предновогодишната еуфорија да им подариме насмевка, да им покажеме дека не се заборавени.

Среќна нова година Ви посакуваме да ни бидете исполнети со многу здравје, среќа и успеси“ стои во објавата на ОО СДСМ Бутел.

Треба да знаете
Последни објави