Search

Од воздушен напад на Газа загинале најмалку 70 лица

Здравствените власти во појасот Газа, управуван од Хамас, соопштија дека во израелски воздушен напад врз бегалски камп доцна во неделата загинале најмалку 70 луѓе. Израелската војска соопшти дека го разгледува пријавениот напад, истовремено повторувајќи ја својата посветеност да ја минимизира штетата на цивилите во нејзината војна за елиминирање на милитантната група Хамас. Израел објави уште неколку смртни случаи меѓу своите војници, зголемувајќи го бројот на загинати од петокот на 17. Вкупниот број на загинати израелски војници од започнувањето на копнена операција во Газа се искачи на 156. Според Министерството за здравство на Газа во израелската офанзива загинати се 20.400 Палестинци.

Воените операции го принудија поголемиот дел од 2,3 мионското население во Газа да се расели и да побара безбедност во засолништата упрвувани од ОН во јужниот дел на Појасот.

Треба да знаете
Последни објави