Search

Хамас бара меѓународна истрага за погубување цивили, наводно извршено од израелската армија

Палестинското исламистичко движење Хамас повика на меѓународна истрага за погубувањето на 137 цивили, наводно извршено од израелската армија во Појасот Газа од почетокот на војната на 7 октомври.

Владата на Хамас, движењето кое е на власт на палестинската територија на Појасот Газа од 2007 година, вели дека собрала сведоштва според кои „израелската окупаторска армија извршила погубување по кратка постапка на 137 палестински цивили во градот Газа и во северните делови на Појасот Газа“.

Хамас ја обвини израелската армија дека „ископала голема јама источно од градот Газа и таму сместила десетици граѓани кои ги привела пред да ги погуби со огнено оружје“.

Не беше прецизирано кога тоа се случило. Израелската армија се уште не одговорила на овие тврдења.

Треба да знаете
Последни објави