Иран се закани со затворање на Медитеранот поради војната во Газа

Командант на иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) изјави дека Средоземното Море може да биде затворено доколку САД и нивните сојузници продолжат да вршат „злосторства“ во Газа, пренесуваат странските агенции.

„Тие наскоро треба да очекуваат затворање на Средоземното Море, Гибралтарскиот теснец и другите водни патишта“, изјави бригадниот генерал Мохамед Реза Накди, координативен командант на КГИР.

Минатиот месец, јеменските бунтовници Хути, поврзани со Иран, започнаа серија напади врз трговски бродови во Црвеното Море, велејќи дека нивните акции биле одговор на воената кампања на Израел во Газа.

Ова ги принуди некои бродски компании да ги променат маршрутите на бродовите. Белата куќа вчера соопшти дека Иран е „длабоко вклучен“ во операциите на Хутите во Црвеното Море.

Треба да знаете
Последни објави