118 санкционирани возачи во Скопје, 37 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (22.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 118 санкции, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 мерки, пет санкции за возење без возачка дозвола, шест мерки за користење на мобилен телефон, три санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Треба да знаете
Последни објави