Search

Сообраќајка кај с.Панчарево, се вози по залeдени коловози на патот Делчево – Пехчево

Поради сообраќајка на патот Делчево – Пехчево кај селото Панчарево сообраќајна полиција го насочува сообраќајот на регионалниот пат Делчево – Берово – Пехчево каде се вози по заледен коловоз и има излетување на возило на патот. 

Во сообраќајката според информации од Здравствен дон Пехчево нема повредени лица, а увид вршат екипи на полицијата.

Оттаму апелираа на крајно претпазливо возење и почитување на сообраќајната сигнализација.

Поради заледениот дожд и лизгавост на коловозите, утрово оштетени се и неколку возила во Делчево.

Треба да знаете
Последни објави