Search

Почина 23-годишен кошаркар кој играше на Мундобаскетот

Трагедија се случи во светската кошарка, откако 23-годишниот Гарли Сохо од Венецуела беше пронајден мртов во неговиот дом. Засега не е позната причината за неговата смрт и сè уште се истражува, но се шпекулира дека му се слошило поради здравствени проблеми.

Сохо неколку пати ја претставуваше Венецуела на големите натпреварувања. Беше дел од Јужноамериканското првенство за играчи до 21 година, а годинава играше и на Мундобаскетот.

Треба да знаете
Последни објави