Search

Општина Арачиново се пофали: Во 2023 година имаме 422% раст на наплатата на даноци

Грдоначалникот на општина Арачиново Ридван Ибраими, се пофалил дека неговата општина не е повеќе „црна овца“ меѓу општините кога се работи за наплата на даноци, додава

Општина Арачиново годинава од вкупно 2.675 регистрирани домаќинства успеала да инкасира над 6 милиони денари по основ на локални даноци, што во споредба со 2022 година е раст од 422 отсто“, изјавил градоначалникот на настан организиран од УСАИД, истакнуваат во писмено соопштение од општината.

„Арачиново не е веќе ‘црна овца’ туку денес добиваме пофалби и веќе се мериме со општини кои се многу поголеми и финансиски појаки од нас. Нашето домаќинско работење денес ги бележи првите позитивни резултати, благодарение на помошта и соработката со многубројни меѓународни организации, а посебно со УСАИД која во секој момент покажува спремност да ни помогне“, рече Ибраими.

Треба да знаете
Последни објави