Search

Времен режим на сообраќај на крстосница булевар АСНОМ со улица Февруарски Поход

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје најави дека денеска во 8:30 часот  екипи одговорни за одржување на светлосната сигнализација на градските сообраќајници ќе почнат со реализација на активности за монтажа на нови портални и конзолни семафорски столбови на крстосницата помеѓу булевар „АСНОМ“ и  улицата „Февруарски поход“. 

За време на изведување на работите сообраќајот ќе се одвива непречено, но отежнато. По должината на улица Фебруарски Поход нема да има прекин во сообраќајот, туку тој ќе се одвива наизменично и парцијално по една сообраќајна лента во правец, а на бул.АСНОМ кон ул.Февруарски Поход ќе бидат слободни десните вртења за да можат автобусите непречено да движат, а возилата ќе ја користат истата лента, а и околните сообраќајници околу паркиралиштата.

Треба да знаете
Последни објави