Search

Анчелоти застана зад Перез за Супер-лигата: Готов е монополот !

За проектот европска фудбалска Супер-лига повторно се зборува. Откако пропадна при првиот обид за формирање на вакво натпреаврувње на богатите тимови, нова шанса да продолжи реализацијата на овој проект му даде одлуката на Судот за правда во Луксембург.

Претседателот на најтрофејниот тим со освоени 14 европски шампионски титули, Реал Мадрид, Флорентино Перез е задоволен што може да продолжи со реализацијата на идејата, иако повеќето екипи се огласија да се оградата од ваквото натпреаврување. Поддршка за Супер-лигата денеска „зелено светло“ даде и тренерот на „кралскиот клуб“, трофејниот италијански фудбалски стратег Карло Анчелоти.

-Одлуката на судот е важна за фудбалот. Некои клубови не се уверени, но мислам дека ова може да биде позитивна работа за сите. Факт е дека повеќе нема да има монопол и тоа е позитивно, кажа Анчелоти

Треба да знаете
Последни објави