Search

Трудо: Кампањата на Израел во Газа ја загрозува неговата долгорочна безбедност

Блиските сојузници на Израел изразија страв дека воената кампања во Појасот Газа ќе ја загрози долгорочната безбедност на земјата, изјави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо.

Тој го изјави ова како одговор на зголемениот број на смртни случаи меѓу жителите на Појасот Газа, кој достигна речиси 20.000 жртви, додека израелските авиони и денеска продолжуваат со нападите врз енклавата.

Трудо нагласи дека Израел има право да се брани по нападот на Хамас од Газа врз јужен Израел на 7 октомври, но како што расте бројот на цивили во разорната израелска воздушна и копнена војна во Газа, тој постепено ја заостри реториката за израелските дејствија.

„Најверните пријатели на Израел стануваат сè позагрижени дека краткорочните активности што ги презема Израел всушност ја загрозуваат долгорочната безбедност, па дури и идната поддршка за еврејската држава“, рече Трудо.

Канада, Австралија и Нов Зеланд минатата недела ги поддржаа меѓународните напори за постигнување „одржлив прекин на огнот“ во Појасот Газа, набргу откако САД го предупредија Израел дека неговото справување со операциите во палестинската енклава ризикува да ја намали меѓународната поддршка.

Треба да знаете
Последни објави