Search

ЛДП преку референдум сакаат да ја сменат Арсовска

ЛДП има инцијатива за смена на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска преку референдум. 

ЛДП покренаа иницијатива за собирање потписи со цел, преку референдум да ја сменат градоначалничката Арсовска. Потребни им се околу 46.000 потписи од граѓани, односно  10 отсто од вкупниот број гласачи во Град Скопје, а идејата им е референдумот да се одржи заедно со изборите во мај идната година. Начинот на собирање ќе го утврдува партискиот Централен одбор, веќе во понеделник. Освен референдум, ЛДП ќе иницираат и промена на Законот за локална самоуправа, кој до 1996 година нудел можност за отповикување на градоначалник. По измените од 2002 година,  градоначалник може да биде сменет само ако е фатен во вршење на кривично дело. За Арсовска, ова е крајно несериозна иницијатива. Таа ги нарече сателит партии. 

„Иницијативата е крајно несериозна и укажува на основни непознавања од страна на пратеник, кој би требало да знае дека, законите немаат ретроактивна примена, а кога веќе измислуваат иницијативи, нека ги покренат и за пајтон пратениците кои менуваат дрес согласно моменталните прилики од лукративна природа“, реагираше Арсовска. 

Треба да знаете
Последни објави