Search

Јадењето после ова време го зголемува ризикот од мозочен удар

Јадењето вечера после 21:00 часот може да биде поврзано со зголемен ризик од мозочен удар, покажа студијата спроведена во Франција.

Студијата, која опфати повеќе од 100.000 луѓе, ги следеше навиките во исхраната седум години и забележа околу 2.000 случаи на кардиоваскуларни болести, вклучително и мозочни удари. Резултатите покажале дека луѓето кои вечераат доцна, после 21 часот, имаат значително поголема веројатност да доживеат мозочен удар или минлив исхемичен напад (т.н. „мини-мозочен удар“). Зголемувањето на ризикот беше дури 28% поголемо во споредба со оние кои вечераат пред 20:00 часот.

Еволуиравме за да јадеме порано во текот на денот, а некои докази од студии на животни сугерираат дека со јадењето покасно варењето на храната го зголемува шеќерот во крвта и крвниот притисок.

Зголемувањето на крвниот притисок во вечерните часови, кога е нормално понизок, може да ги оштети крвните садови со текот на времето и да го зголеми ризикот од згрутчување на крвта што доведува до мозочен и срцев удар. Сепак, потребни се многу повеќе истражувања, бидејќи покрај времето на јадење, големо влијание има и нездравата исхрана.

Д-р Бернард Сроур, постар автор на студијата од Универзитетот Сорбона, Париз Норд, рече:

-Како многу луѓе, баба ми ме предупреди да не вечерам предоцна, а оваа студија сугерира дека можеби била во право.

Тој додава:

– Сега сме општество кое работи 24 часа на ден, 7 дена во неделата, каде луѓето чувствуваат дека никогаш немаат доволно време, па многумина од нас често јадат подоцна навечер. Но, луѓето кои вечераат доцна затоа што мислат дека се премногу зафатени за да ја јадат порано, може да го зголемат ризикот од здравствени проблеми.

Студијата, објавена во списанието Nature Communications, истражуваше кога луѓето појадуваат и вечераат и како тоа влијае на ризикот од кардиоваскуларни болести.

Треба да знаете
Последни објави