Search

Шилегов побара Арсовска да поднесе оставка, во мај 2024 да се одржат и избори за градоначалник на Скопје

Почитувана Арсовска, заминете си, поднесете оставка, повика екс градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на социјалните мрежи.

,,Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно, Градот, Ви се случи. Непланирано. (Без визија и план што би работеле. Со сите мои и наши (партиски, политички и граѓански) грешки кои придонесоа за тоа).

Во мај секако имаме избори во Македонија. Нека се избори и во Скопје. Заради малку достоинство што секој од нас треба да го има. И заради Градот (не толку убав во задње време) во кој што сите живееме.

За душегрижниците: немам намера (ниту жал, носталгија за функција. Адвокат сум), но живеам во Скопје и го сакам овој град. И како граѓанин мислам дека овде ништо не е е во ред !!!

За надворешните (а богами и внатрешните) душмани: функцијата не го прави човекот. Напротив !!! Човекот ја прави функцијата …” напиша Шилегов.

Оставка

Треба да знаете
Последни објави