Search

САД ја повика Србија да соработува со меѓународните посматрачи за евидентираните изборни неправилности

САД денеска ја повикаа Србија да одговори на загриженоста на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во врска со нерегуларностите на изборите одржани во неделата.

-Би сакале Србија да соработува со ОБСЕ и да одговори на нејзината загриженост, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер пренесе Индекс.

-Неправилностите пријавени од ОБСЕ и другите набљудувачи на изборите мора да бидат истражени, а насилството врз изборните органи, новинарите и акредитираните набљудувачи е неприфатливо, додаде тој.

ОБСЕ, Европскиот парламент и Советот на Европа известија за „купување гласови“ и „полнење на гласачки кутии“ на изборите во неделата, на кои партијата на српскиот претседател Александар Вучиќ победи со убедливо водство.

Треба да знаете
Последни објави