Search

Путин: Русија е подготвена да разговара за Украина

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска на состанок со раководството за одбрана, во Москва, на кој меѓу другите присуствувале министерот за одбрана Сергеј Шојгу, генералот Валериј Герасимов, началникот на Генералштабот, како и директорот на Федералната служба за безбедност (ФСБ) Александар Бортников, посочил дека Русија ќе биде подготвена да разговара со Украина, САД и Европа за завршување на специјалната операција. До вакви разговри за иднината на Украина би дошло доколку прифатат сите страни. Москва на преговарачката маса ќе седне и ќе ги брани своите национални интереси.

Путин кој испрати војници во Украина во 2022 година, постојано изјавува дека би бил подготвен да зборува за мир, иако западните власти велат дека ги чека претседателските избори во САД, кои ќе се одржат во ноември идната година.

-Во Украина, оние кои се агресивни кон Русија, и во Европа и во САД – дали сакаат да преговараат? Но, ние ќе го направиме тоа врз основа на нашите национални интереси. Нема да се откажеме од тоа што е наше, изјави Путин и потенцирал дека Русија нема намера да се бори со Европа.

Русија контролира околу 17,5 отсто од територијата што беше меѓународно признаена како дел од Украина кога се распадна Советскиот Сојуз во 1991 година. Русија го анектираше Крим во 2014 година, а минатата година ги анектираше и четирите дополнителни региони на Украина што нејзините војници делумно ги контролираат.

Треба да знаете
Последни објави