Search

Најмалку 13 загинaти и повеќе од 70 ранети во израелски воздушен напад врз бегалски камп

Најмалку 13 Палестинци се убиени, а 75 ранети во денешниот израелски воздушен напад врз бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Газа, изјави портпаролот на Министерството за здравство во енклавата контролирана од Хамас.

Со површина од 1,4 квадратни километри, Џабалија е најголемиот од осумте бегалски кампови во Појасот Газа со околу 116.000 регистрирани луѓе.

Многу од нив зависат од помошта што ја обезбедува специјалната Агенција на ОН за палестински бегалци (UNRWA) за храна, лекови и други потреби.

Израел е решен во Појасот Газа да го искорени Хамас, палестинското сунитско терористичко движење, кој стои зад масакрот на израелските цивили во нападот на 7 октомври врз населби и фарми на југот на земјата и младински музички фестивал.

Израелската офанзива ја претвори крајбрежната енклава во урнатини, а досега, според Хамас, речиси 20.000 луѓе се убиени во бомбардирањето.

Меѓународната заедница врши притисок врз израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да го намали интензитетот на војната за да избегне цивилни жртви. Нетанјаху одговара дека војната нема да запре додека не се ослободат 129-те преостанати заложници и не се уништи Хамас.

Треба да знаете
Последни објави