Имигрантските центри во Албанија ќе ја чинат Италија над 650 милиони евра за пет години

Италијанската Влада конечно објави колку ќе ја чинат земјата имигрантските центри што ќе се градат во Албанија, доколку Парламентот го надмине ќорсокакот предизвикан од суспензијата на ратификацијата на договорот од албанскиот Уставен суд.

Италијанскиот весник „Република“ објави дека трошоците ги надминуваат прогнозите, па дури и ја надминуваат „монструозната“ цифра од 650 милиони евра за пет години.

-На приближно 90 милиони евра се трошоците кои се веќе детализирани во нацртот одобрен од италијанскиот министерски совет, а министерството за финансии треба да стави печат на фактурата за 2024 година (89 милиони) а по 118 милиони годишно ќе бидат фактурите од 2025 до 2028 година, пишува „Република“.

Трошоците што ќе ги покрие италијанската држава се однесуваат од трошоците за користење на вооружените сили и полицијата за надворешната безбедност на центрите до трошоците за болничка помош; лекови, вакцини, медицинска опрема и слично, но и пари за возила, гориво, струја, вода, како и сметки за законски процедури.

Италија ќе биде одговорна и за трошоците за храна. Премиерот Еди Рама и италијанскиот премиер Џорџа Мелони на 6 ноември во Рим го потпишаа договорот за изградба во Албанија на два центра за имигранти.

Според договорот, пристаниште каде ќе прстигнуваат имигрантите ќе биде Шенѓин, каде ќе се гради прифатен центар, а во Ѓадр, поранешна, а сега напуштена воена база, ќе се гради кампот за нивно сместување.

Максималниот капацитет не може да биде повеќе од три илјади имигранти месечно, односно 36 илјади годишно.

Времетраењето на договорот ќе биде пет години, но тој може автоматски да се продолжи за уште пет години доколку една од страните, најмалку шест месеци пред истекот на датумот не побара да не се обновува истиот.

Ратификацијата на договорот албанскиот Парламент ја стави на дневен ред за седницата во четвртокот, но по одлуката на Уставниот суд, во средата вечерта, за суспендирање на истата, точката на дневен ред беше повлечена.

Треба да знаете
Последни објави