Search

Зеленски: Евентуалното враќање на Трамп во „Белата куќа“ ќе има големо влијание врз војната во Украина

Евентуалното враќање на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп во „Белата куќа“ може да има големо влијание врз војната во Украина, предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски на годишната прес-конференција.

-Ако политиката на следниот претседател на САД, кој и да е тој, биде различна кон Украина, постудена или поштедлива, тогаш мислам дека овие сигнали ќе имаат силно влијание врз текот на војната, рече Зеленски.

Зеленски смета дека Трамп е „поинаква личност“ од Џо Бајден и дека затоа ќе има „поинаква политика“. Зеленски без разлика каков ќе биде епилогот се надева дека ќе остане иста американската политика кон Киев, пренесува агенцијата Франс прес.

Претседателските избори во САД ќе се одржат во ноември следната година,

Треба да знаете
Последни објави