Search

Елмас се сели во РБ Лајпциг

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи се сели во редовите на бундеслигашот Ред Бул Лајпциг. Овој трансфер вечерва е потврден откако двата клуба си подадо рака.

Наполи од продажба на Елмас ќе инкасира 25 милиони евра, а германскиот клуб ќе го добие потписот на македонскиот фудбалер на договор до јуни 2028 година.

Трансферот ќе биде комплетиран кога Елмас ќе ги помине медицинските прегледи кои би требало да се случат во наредните денови.

Елмас во Лајпциг ќе го носи дресот со бројот шест.

Елмас беше дел од тимот на Наполи кој по три децении ја освои титулата во италијанската Серија А.

Треба да знаете
Последни објави