Search

(Галерија/Видео) Додека плоштадот е оскудно украсен, Капиштец е во новогодишна бајка

Главна тема меѓу скопјани, покрај хроничните проблеми со превозот, деновиве беше и украсувањето на плоштадот, кој според современите стандарди е повеќе од осукдно украсен.

Сепак, во општина Центар, во населбата Капиштец и во населбата Дебар Маало, навистина се чувствува новогодишната магија.

Покрај Капиштец, соодветно се украсени и улиците низ Дебар Маало, посебно улиците Боемска 1 и Боемска 2.

Истовремено, на Плоштадот украсувањето останува оскудно, елката која конечно е целосно ускресна и натаму служи за подбив кај граѓаните, нејзиното присуство е незабележително, имајќи предвид дека пред само неколку години на најголемиот плоштад доминираше 20метарска елка.

Од традиционалните реквизити, присутно е вовчето, малите тезги за крофинички и по некој залутан дедо мраз.

Се на се, според граѓаните на Скопје, премалку за град кој претеднира на странски туристи за новогодишните празници и град кој треба да биде европска престолнина на културата за само некоја година отсега.

Треба да знаете
Последни објави