Search

Вучиќ избрка соработник од прес – конференција оти му ѕвонеше телефонот

По изборната победа, српскиот претседател Александар Вучиќ одржа прес-конференција на која ги отфрли обвинувањата за мамење и подметнувања поврзани со изборите во Србија.

Но неговото обраќање го прекина ѕвонењето на мобилниот телефон на еден од неговите соработници. Видно изнервиран, Вучиќ го исфрли соработникот од конференцијата.

„Ајде излези. Излези слободно. Само излези, само излезете. Кој и да е, само излезете. Ајде луѓе, излезете. Не го сакам тоа. Па тука нема пардон, нема да си играм со тоа. Може ли да ве замолам да излезете? Нема да продолжам додека не си излезете“, рече Вучиќ.

Треба да знаете
Последни објави