Search

(Видео) Играчи на Истанбулспор клекнати на колена го молеа претседателот на клубот да не ја повлекува екипата од теренот !

Натпреварот од 17. коло во турската фудбалска Суперлига меѓу Истанбул и Транзонспор е прекинат петнаесетина минути пред крајот, затоа што домашниот тим беше повлечен од теренот, поради незадоволство од судењето на првиот човек на домаќинот.

Виновникот за прекинот е претседателот на Истанбулспор, Ечмел Фаик Сариалиоглу. Гостите имаа предност од 1:2, а претседателот дојде до линијата и побара од играчите да го напуштат теренот. Имаше играчи кои не сакаа да го напуштат теренот и бараа од претседателот да ја смени одлуката и натпреварот да се доигра.

Симон Дели го молеше претседателот на Истанбулспор клекнат на колена преднего за да не ја повлекува екипата. Разговор на истата тема со првиот човек на Истанбулспор имаше и македонскиот репрезентативец Ваљон Етеми, но не успеа да го разубеди.

Треба да знаете
Последни објави