Search

Бочварски и Тасевски се за доследна примена на договорот од октомври за административните постапки во М-НАВ

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски попладнево имаше работен состанок со претседателот на Синдикатот при М-НАВ (ССКЛ), Александар Тасевски. На средбата Бочварски побарал од Синдикатот да не ја спроведуваат одлуката за штрајк на Контролата на летање за Нова Година, од причина како што објасни министерот, административните постапки во М-НАВ не смеат да влијаат во професионалноста на Друштвото во насока на нормалното одвивање на ависообраќајот во земјава.

По средбата од Министерството за транспорт и врски соопштија дека двајцата ги потврдиле заложбите на двете страни за да се надмине состојбата и потенцирале дека доследно ќе се придржуваат кон спогодбите од договорот од октомври.

-Во однос на јавните огласи во М-НАВ, потврдуваме дека не се објавени во рок од два работни дена, односно применета е законска обврска за времетраење на јавниот оглас, од причина што огласот од правен аспект треба да се реализира до крај на оваа година, соопштија од Министерството за транспорт и врски.

Договорено е во наредниот период во постапките за јавните огласи за нови вработувања во делот на оперативниот кадар, да биде вклучен и Синдикатот. Средбите меѓу засегнатите страни ќе продолжат и понатму за подобра координација и подигнување на нивото на транспарентноста за сите прашања.

Треба да знаете
Последни објави