Search

Хрватите омилената риба бакалар за Божиќ ќе ја плаќаат по 60 евра за килограм !

Норвешкиот бакалар е меѓу најбараните риби во светот. Оваа врста на риба е омиленото јадење на Хрватите за Божиќ. Во последните десет години, продажбата постојано се зголемува, а исто така и неговата цена. Во Хрватска достига цена од 60 евра, а во Португалија е четирипати поевтин. Португалецот за празниците ќе плати 14,95 евра за килограм сув бакалар.

-Иако во минатото се нарекуваше храна на сиромашните, денес има кралска цена од 60 евра за килограм. Толку ќе треба да издвојат купувачите доколку се решат да купат сув бакалар на маркетите, додека во трговските синџири цената се движи од 40 до 55 евра за килограм, па споредено со минатогодишните празници поскапува и до 30 отсто. Инаку, во однос на годишната потрошувачка на риба, Хрватите се на деветтото место во Европската унија, што ги прави потпросечни“, објави Индекс хр.

Како што објави Националното биро за статистика, увозот на бакалар расте, па така во 2022 година се увезени 536 тони, со вредност од речиси 8 милиони евра, додека годината пред таа бројка била нешто помала, како и вредност од 6,5 милиони евра. Земјите од Европската унија најмногу увезуваат бакалар од Норвешка, а најголеми потрошувачи на оваа смрдлива риба се Португалците, кои во просек јадат по 56 килограми бела и сина риба годишно. 

Треба да знаете
Последни објави