Палестинската милитантна група Хамас одбива да води преговори со Израел за размена на заробеници додека трае војната, но е отворена за секоја иницијатива за завршување на војната, изјави денеска високиот функционер на Хамас, Басем Наем. – Го потврдуваме нашиот став дека категорично одбиваме да водиме каква било форма на преговори за размена на заробеници како дел од продолжувањето на израелската геноцидна војна – рече Наем.
Тој рече дека Хамас е отворен за секоја иницијатива што придонесува за „запирање на агресијата“ против Палестинците и отворање премини за доставување помош на палестинскиот народ, пренесува Ројтерс.
Во нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, загинаа околу 1.200 луѓе, а беа земени околу 240 заложници, по што Израел започна голема воена операција во Појасот Газа, која се уште трае.