Search

Борел и Вархеји побараа Србија да ги истражи нерегуларностите евидентирани на предвемените избори

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел и комесарот за проширување, Оливер Вархеји денеска ја повикаа Србија да го подобри изборниот процес откако меѓународните набљудувачи го критикуваа начинот на кој се одржаа предвремените парламентарни, покраински и локални избори на 17 декември кај северниот сосед.

-Очекуваме надлежните власти во Србија транспарентно да ги истражат веродостојните извештаи за нерегуларностите. Тука спаѓаат и наводите поврзани со локалните избори во Белград и другите општини, се вели во нивното соопштение.

Тие наведуваат дека ги зеле предвид прелиминарните наоди и заклучоци на меѓународните набљудувачи на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), кои оцениле дека изборите во Србија биле одбележани со сериозни нерегуларности, злоупотреба на јавните средства, медиумска доминација на претседателот Александар Вучиќ, негативна кампања и поттикнување страв.

Треба да знаете
Последни објави