Search

Барди на излезната врата кај Трабзонспорт

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди од редовите на турскиот Трабзонспор, во зимскиот преоден рок ќе треба да си побара нов клуб. Капитенот на „црвено-жолтите“ Барди, не се најде неѓу играчите на кои ќе смета новиот тренер Абдула Авџи, кој се врати на клупата кај турскиот прволигаш Трабзонспор.

Според турските медиуми објавија дека Авџи отпишал шестмина играчи од актуелниот состав на Трабзон, меѓу кои се најде и Барди.

Во меѓувреме, се појави шпекулација дека тренерот на бундеслигашот Унион Берлин, Ненад Бјелица, би го сакал Барди во својот тим.

Треба да знаете
Последни објави