Search

Маскар на забава: Најмалку 11 убиени и 12 повредени во вооружен напад во Мексико 

Најмалку 11 лица загинаа, а 12 се повредени во престрелка во Мексико, соопштија властите.

Престрелката се случила вчера на забава на една поранешна хациенда во градот Салватиери, наведуваат медиумите. Напаѓачите, наводно, влегле во забавата и отвориле оган врз присутните.

Според медиумите, на забавата присуствувале само млади луѓе.

Општинската администрација преку соопштение наведува дека повредените се префрлени во различни болници во општината, не наведувајќи повеќе детали за нивната здравствена состојба. 

Треба да знаете
Последни објави